Кавадаречко културно лето: Вечер исполнета со македонска народна песна и кавадаречки мелос

Кавадаречко културно лето: Вечер исполнета со македонска народна песна и кавадаречки мелос

Во рамки на „Кавадаречко културно лето 2026“, Здружението на пензионери од Кавадарци и Росоман приреди прекрасна музичка вечер, исполнета со изворни македонски песни, препознатливи кавадаречки мелодии и добро расположение.

Публиката уживаше во настапот, наградувајќи ги учесниците со силен аплауз и искрена поддршка, уште еднаш потврдувајќи дека народната песна и традицијата имаат посебно место во срцата на сите генерации.