Шест нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци

Шест нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци

Повторно започна да расте бројот на нови позитивни на корона вирусот. Денеска се дијагностицирани шест нови случаи во последните 24 часа во Кавадарци. 

 

„Позитивни на вирусот се 2 мажи и 4 жени на возраст од 21 до 58 години. Двајца од нив имале контакт со позитвивен, а останатите не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Лекарите објаснуваат дека зголемениот број се должи на неодговорниот однос на граѓаните. Се помалку се почитуваат превентивните мерки за заштита, заштитни маски речиси ретко кој носи, а не се одржува ниту дистанца. Посебно е трагично тоа што се уште има луѓе кои не веруваат дека вирусот постои – коментираат лекарите.

Вчера во Кавадарци беа дијагностицирани два нови случаи. Забоелните беа на возраст од 56 и 61 година, еден од нив е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница.

 

Вчера и денеска за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита  казнети сe 17 лица  во Кавадарци  и девет во Неготино.

  

А.Д