Во четврток, 23 јули, на целосно реконструираниот Градски базен – Кавадарци, ќе се одржат два значајни настани:
10:00 часот – официјален почеток на Школата за пливање и упис на деца од 8 до 11 години. Со најмладите ќе работат стручни професори по физичко и здравствено образование, кои преку стручен и безбеден пристап ќе ги воведат во светот на пливањето.
11:00 часот – отворање на Градскиот базен, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Пред граѓаните ќе биде претставен целосно обновениот базен – современ спортско-рекреативен комплекс со нови содржини, создаден да понуди врвни услови за рекреација, спорт и уживање за сите генерации. Со инвестиција вредна околу 1 милион евра, Кавадарци добива еден од најмодерните и најубавите базени во Македонија.
