Во изминатите 24 часа во Тиквешијата се дијагностицирани уште четири позитивни случаи на Ковид 19. Двајца се од Кавадарци, а двајца од Неготино, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.„ Три лица се од машки, а едно од женски пол. Сите се на возраст од 36 до 47 години. Двајца имаат симптоми. Четворицата се со лесна клиничка слика на домашно лекување. Ги утврдуваме нивните контакти“ рече епидимиолог д-р Ристе Јовановски.
Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци се дијагностицирани вкупно 273 слуачи, а во моментов активни се 47.
А.Д