Уште еден кавадарчанец ја загубил битката со корона вирусот во текот на вчерашниот ден, информираа денеска од болницата во Кавадарци.
„Починат е 77 годишен пациент кој се лекуваше на ковид одделението во нашата болница. Во моментов се хоспитализирани 47 пациенти со средно-тешка клиничка слика и има слободни уште 13 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Во текот на вчерашниот ден беше направено уште едно проширување на ковид одделот за 10 болнички кревети, со што сега во болницата има место за вкупно 60 ковид позитивни пациенти.
А.Д