НОВА ЛЕТНА УЧИЛНИЦА ВО ООУ „ПЕРЕ ТОШЕВ“ РОСОМАН

НОВА ЛЕТНА УЧИЛНИЦА ВО ООУ „ПЕРЕ ТОШЕВ“ РОСОМАН

Во дворот на ООУ „Пере Тошев“ – Росоман е поставена нова летна училница, која ќе им овозможи на учениците дел од наставата и различни образовни активности и проекти да ги реализираат на отворено.


Изграден е летниковец опремен со потребните реквизити за учениците, со што се создава пријатен и функционален простор за учење, дружење и креативна работа надвор од училишните простории.
Проектот е финансиран од Буџетот на ООУ „Пере Тошев“ и претставува уште еден чекор кон подобрување на условите за нашите ученици.


Создаваме подобри услови за образование, затоа што вложувањето во децата е вложување во иднината на Росоман.
Продолжуваме со конкретни проекти за подобро и посовремено образование! – велат од локалната самоуправа.