СДС никако не може да сфати дека и во Македонија може да се заработи на чесен начин, а сето тоа да биде јавно и транспарентно видливо за јавноста.
Таков е примерот со претседателот Мицкоски кој јавно има стотици пати говорено за тоа како заработил во својот живот. За неговиот начин на работа ниту еден човек нема никогаш кажано дека тоа е на нечесен начин, дека заработката е преку трети лица, фирми во странство или пак местејќи тендери.
Напротив можеме да слушнеме само пофални зборови за универзитетски професор, кој самите студенти го имаат признаено како најдобар професор на својот факултет. Истото ова не можеме да го кажеме за Заев и Филипче.
Криминалци кои ја украдоа државата и нејзините финансии, ја задолжија и оцрнија.
Освен примањата кои ги имаат добивано како пратеници, министри или пак градоначалници, тие други примања немаат, ниту пак имале.
Тука директно се поставува прашањето како аболицираниот криминалец Заев и неговиот ученик Филипче, стигнале до станови и зграда во Дубаи, златна виза за истото место, милионска јахта на Егејот на луксузното место Паљури, акции во индиска авиокомпанија и фирми во соседна Бугарија кои на Филипче му даваа автомобили. Местеа тендери, земаа провизии, отпишуваа резерви од државата, ја задолжуваа државата за своите џебови да ги наполнат.
Ете од каде им се парите на овие криминалце. Коцевски, Абази, Русковска, Кацарска се само неколкуте нивни инфилтрирани поединци во правосудството кои ги бранат се додека можат.
За крај, знаеме дека на овој талог им пречи што забавата за Дејвид Гета чинела 0 денари. Но не им пречи приватна забава во Дубаи на Харис Џиновиќ која чинела стотици илјади долари.