Во рамките на овогодинешната манифестација „Тиквешки гроздобер“, спортскиот дел традиционално започна со одржувањето на 37-миот Меморијален турнир во женска кошарка „Сестри Китеви 2026“.
Турнирот официјално го прогласи за отворен Трајче Стојанов, советник во Општина Кавадарци, кој во име на Советот и градоначалникот Митко Јанчев посака успешни натпревари и фер-плеј:
„Овој турнир не е само спортски настан, тој е наша традиција, наше сеќавање и начин да ја зачуваме споменот на сестрите Елизабета и Антоанета Китеви – кошаркарки на ЖКК ‘Тиквеш’ кои трагично ги загубија своите животи. Нашата определба е јасна – спортот да има свое заслужно место во животот на Кавадарци, а традициите кои имаат вредност да ги чуваме и надградуваме. Општина Кавадарци продолжува со силна поддршка за спортот и младите, создавајќи услови за нивни развој и успеси.“ — истакна Трајче Стојанов.
На овогодинешното 37-мо издание учествуваат три женски кошаркарски екипи: ЖКК „Про Баскет“ – Кавадарци, екипата од Гевгелија и екипата од Делчево.
Турнирот „Сестри Китеви“ уште еднаш потврди дека споменот на младите кавадаречки спортистки продолжува да живее преку кошарката и спортскиот дух на новите генерации.
A.Д