Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција укажа дека доверливи полициски податоци завршиле во ВМРО-ОКГ и се јавно злоупотребени, а обвинителството и МВР девет дена молчат за нападот на младите во Ново Село. Димитријевиќ посочи дека станува збор за сериозна злоупотреба на службени податоци, поради што СДСМ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал. поради злоупотреба на доверливи податоци.
„ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. А тоа е ново кривично дело. Мислеа дека ќе се спасат? Се излажаа.СДСМ денеска поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал“, рече Димитријевиќ.
Димитријевиќ нагласи дека кривичната пријава се однесува на полициски службеници во СВР Струмица, за кои постои сомневање дека преку пристап до казнената евиденција извлекле доверливи документи кои потоа завршиле во ВМРО. Тој посочи дека станува збор за оддавање службена тајна, бидејќи податоците од казнената евиденција биле класифицирани и заштитени.
„Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани. Кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за злоупотреба на лични податоци. Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање – Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна“, рече Димитријевиќ.
На прес-конференцијата генералниот секретар на СДСМ порача дека Јавното обвинителство мора да постапи и да утврди одговорност за злоупотребата на доверливите полициски податоци.
„Сега Јавното обвинителство е на потег. За прекршување на законите мора да има одговроност. Криминалната ВМРО погреши што дигна рака на младите и прати насилници да ги тепаат. Погрешија што направија уште едно кривично дело со злоупотреба на доверливи документи и податоци. Нема да се спасат, сите ќе одговараат“, рече Димитријевиќ.