Платите во Македонија продолжуваат да растат како резултат на одговорните економски политики и стабилното управување со јавните финансии.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето-плата за само две години е зголемена од 40,496 денари на 48,779 денари.
Овој раст е потврда дека на политиките на владата даваат конкретни резултати и дека економскиот раст се претвара во повисок животен стандард за граѓаните.
Во овие две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ просечната плата е зголемена за околу 9,000 денари.
Номиналниот раст на платите во 2024та година изнесуваше 12,6%, а во 2025та година растот продолжи со 9,6%.
Годинава очекуваме дополнително зголемување поголемо од 8%.
Особено значајно е што повторно имаме реален раст на примањата по падот во периодот на власт на СДС. Така по падот на реалните плати во 2022та година од 2,9% во 2024та година тие пораснаа за 8,8% а во 2025та година за дополнителни 5,3%.
Важно е да посочиме на фактот што растот на платите го надминува инфлацискиот притисок и граѓаните имаат поголема куповна моќ.
Посебно задоволство претставува тоа што овие резултати се постигнати без политички интервенции на пазарот на трудот и без мерки што би ја загрозиле конкурентноста на стопанството.
Дополнително, најновите податоци на Евростат мерено според куповната моќ потврдуваат дека вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули во 2026та година е повисоко од сите земји на Западниот Балкан.
Овој раст на платите и на куповната моќ на граѓаните не е случајност, туку е резултат на стабилна економија, зголемени инвестиции и доверба во институциите.
Наспроти хистеријата од опозицијата, сите параметри и податоци на релевантните институции во земјава и во странство покажуваат дека платите во Македонија растат, граѓаните имаат повеќе пари и живеат подобро.
Токму во овој правец владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политиките кои обезбедуваат раст на платите, нови инвестиции, отварање на работни места и одржлив економски развој кои носат подобар животен стандард на сите граѓани на Македонија.