ТИКВЕШ МУ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА ОКТАЈ РАКИПИ

ТИКВЕШ МУ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА ОКТАЈ РАКИПИ


23 ГОДИШНИОТ ГОСТИВАРЧАНЕЦ ВО КАВАДАРЦИ ДОАЃА ОД СЛОВЕНЕЧКИОТ КЛУБ ЈЕСЕНИЦЕ.

Кавадаречкиот прволигаш екипата на Тиквеш имаше одличен старт на новата фудбалска сезона. Забележаа убедлива победа , одиграа разиграно а новиот тренер Оливер Богатинов имаше доволно време да се запозне со комплетниот ростер и да види каква е состојбата на секоја една позиција во тимот.

Во паузата помеѓу првите две кола Тиквеш донесе две засилувања кои ја зголемија ротацијата во одбраната а деновиве го реализираа и третото засилување со што само потврдија дека сезонава посакуваат борба за горниот дел на табелата. Најновата аквизиција на Тиквеш е Октај Ракипи, кој доаѓа од словенечкиот клуб, Јесенице.

Кавадарчани го најавија Ракипи како технички поткован играч, од кого се очекуваат добри партии во текот на сезоната. Ракипи ќе ја збогати ротацијата во средниот ред на тренерот Богатинов. Во минатото тој го носеше дресот на Беса, Борец од Велес и тетовска Шкендија пред да замине за Словенија. 23 годишниот гостиварчанец во својата кариера има и три настапи за репрезентацијата до 19 години.