Криминалецот Христијан Мицкоски повторно се заканува со Обвинителството.
Повторно ги злоупотребува семејствата на настраданите во ковид и во модуларната болница.
Повторно лажни обвинувања, затоа што е виновен за труење на народот.
Повторно си игра со емоциите и чувствата на семејствата на настраданите.
Повторно без трошка морал и образ.
Повторно си дозволи преку медиуми да се заканува со Обвинителството.
Дури и по предупредувањето на Европската комисија дека влијанието врз правосудството е една од клучните причини зошто Македонија не го продолжува европскиот пат – тој продолжува.
Кривичната пријава против Христијан Мицкоски, со доставени докази, Обвинителството ја отфрли.
А Мицкоски признава дека се слушаат по телефон. Од собраниската говорница и преку медиумите им се заканува на политичките противници и нарачува процеси од обвинителите.
Се однесува како Македонија да му е приватна бавча, а тој да е шеф на банда кој може да прави што сака.
Доста беше.
Ќе одговараш, Мицкоски.
За тендерите.
За купувањето струја со Адамовиќ (почесниот конзул).
За 5-те тони дрога што повеќе не ги спомнуваш.
За хидроцентралите.
За перењето пари. За труењето на народот со вода.
И за труењето на медиумскиот простор со Орбан и Вучиќ, што доведе до поделба на народот – само за да владееш ти.
Уште малку.
Доаѓа време на вистина и правда. И ти тоа го знаеш.
Груевски побегна.
Ти нема да можеш.
Ќе ти судат независни македонски и европски судови.
Таму нема да можеш да ѕвониш по телефон.
- реакција СДСМ