СО АНГАЖМАНОТ НА АНДРЕЈ ВЕЛКОВ КАВАДАРЧАНИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА И РОТАЦИЈАТА ВО ДЕФАНЗИВНАТА ЛИНИЈА.
Новата фудбалска сезона во Македонија започна. На отварањето во Кавадарци ГФК Тиквеш одигра онака како што сите посакуваа и убедливо го декласираше Арсими. Паралелно со успешниот старт стигнаа и информациите дека ФИФА ги повлече забраните за трансфери за кавадаречкиот прволигаш бидејки Тиквеш ги подмири сите долгувања.
Тоа значеше и зелено светло за управата и стручниот штаб кој веднаш ангажираше уште едно ново засилување откако кавадарчани вчера го потврдија трансферот на бразилецот Жоао Габриел Фереира Сантош, со прекар Ренатињо. Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој откако ги помина младинските категории во татковината, минатата сезона играше во Молдавија каде ги бранеше боите на Политехника.
Тиквеш ја засили ротацијата во дефанзивата со ангажман на уште еден млад македонски фудбалер. 20 годишниот штипјанец Андреј Велков е најновата аквизиција на кавадарчани а мината сезона ги бранеше боите на струмичка Брера.
