Во текот на вчерашниот и денешниот ден се врши обележување на средната разделна линија на локалниот пат кој ги поврзува селата Ресава и Бегниште, во вкупна должина од 9 километри, информираат од локалната самоуправа.
Со оваа активност значително се подобрува прегледноста и безбедноста на патот, особено во ноќни услови и при намалена видливост.
Од општината истакнуваат дека целта е обезбедување посигурно движење за сите учесници во сообраќајот, како и создавање почиста, побезбедна и поуредена патна инфраструктура.