Првото коло од новата сезона во ПМФЛ донесе доминација на домашните екипи бидејки во сите 5 средби домакините славеа дури и убедливи победи бидејки на 5 натпревари се постигнаа вкупно 20 голови или 4 по просек на натпревар а гостите од овие 20 постигнаа само 1 гол..
Во првиот натпревар во петокот во Кавадарци Тиквеш го декласираше Арсими од Чегране со 5-1. Два гола постигна Лавал а хет трик даде Нфанли Сила. Голот на Арсими всушност беше единствениот гостински гол во ова прво коло.
Шампионот Вардар, ја стартуваше новата сезона со домашна победа од 2-0 против штипска Брегалница. Струга Трим Лум со 3-0 го совлада новајлијата во ПМФЛ, тимот на Шкендија Арачиново. Шкендија од Тетово вчера на комплексот Петар Милошевски заради казните со 3-0 го доби Скопје.
Најубедливата победа ја забележа Силекс во Кратово кој со 6-0 го декласираше Башкими. Во следното второ коло Тиквеш ке гостува во Куманово кај Башкими. А кога сме кај Тиквеш тој повеќе не се наоѓа на листата на ФИФА за забрана за трансфери, откако ги исплати сите побарувања кон старите странски членови.
Тиквеш имаше две блокади од ФИФА во висина од по три преодни рока заради долгување кон странски побарувачи. Сепак, тие се минато, откако клубот од Кавадарци повеќе не се наоѓа на таа листа. Од Македонија на „црната листа“ на ФИФА останаа два клуба. Тоа се екипите на Воска Спорт и на Шкупи кои имаат по повеќе блокади.