(видео) Комплетно реконструиран крак од улицата „Шишка“ во Кавадарци

(видео) Комплетно реконструиран крак од улицата „Шишка“ во Кавадарци

Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, заедно со стручните служби од Локалната самоуправа, изврши увид на терен на улицата „Шишка“, каде што успешно завршија градежните активности за целосна реконструкција на еден крак од улицата.

Реконструкцијата опфати вкупна површина од 1.000 м², а градежните работи се одвиваа во неколку фази:

  • Отстранување на стариот и оштетен асфалт
  • Тампонирање и подготовка на подлогата
  • Изведба на атмосферска канализација за подобро одводнување
  • Поставување нов асфалтен слој

Со оваа инвестиција, Општина Кавадарци продолжува со подобрување на патната инфраструктура, обезбедувајќи побезбеден и пофункционален сообраќај за жителите од овој дел од градот.