Откако Локалната самоуправа пристапи кон регулација на речното корито на реката Луда Мара на локација од мостот на Булевар „Видое Смилевски“ до мостот на Северен булевар, Ј.П. Комуналец Кавадарци со сопствена инвестиција изврши комплетна реконструкција на канализациона линија во должина од 100 метри на објектите кои беа директно вклучени во речното корито и немаа поединечна канализација – информираат од прес службата на општина Кавадарци.
Реконструкција на канализациона линија