Исплатено обесштетувањето на земјоделците од пролетниот мраз во 2021

Исплатено обесштетувањето на земјоделците од пролетниот мраз во 2021

Општина Кавадарци денес ги исплати обезбедените средства во висина од 5.139.737 денари, на околу 100 оштетени земјоделци, физички и правни лица, кои аплицираа за обесштетување и беше  направена  проценка на штета на нивните насади – информираа денеска од општинската прес служба.

 

Овие земјоделци  во месец април 2021 година, односно 08, 09 и 10 април подрачјето на Општина Кавадарци со населените места Ваташа, Возарци, Марена, Гарниково, Глишиќ, Сопот, Шивец, Бошава, Дреново, Ресава и Раец, го зафати елементарна непогода предизвикана од дејство на пролетните ниски температури проследени со мраз и слана кои предизвикаа штета од мрзнење на повеќе видови земјоделски култури.