Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци им соопштува на сите возачи и сопственици на моторни возила од подрачјето на град Кавадарци, дека од вчера, 15 ноември, на сила е законската обврска за поседување на зимска опрема во своите возила.
Оваа законска обврска трае се до 15 март 2022 година.
– Со оглед на ова, во наредниот период од страна на ПО за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци ќе се реализираат превентивни акциски контроли, со цел за да им се укажува на возачите за потребната опрема, која треба да ја имаат – стои во соопштението од ОВР Кавадарци.