Тодоров му ја честита победата на Јанчев преку фејсбук

На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет.

Мнозинството граѓани од нашата општина му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

На  градоначалникот Митко Јанчев, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Кавадарци.

 

фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Кавадарци

од СДСМ Горан Тодоров