До четврток се доставуваат документите за упис во средно музичко во Кавадарци

До четврток се доставуваат документите за упис во средно музичко во Кавадарци

Како што веќе информиравме од оваа година во Кавадарци ќе започне со работа паралелка за средно музичко образование. Ќе функционира во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, а е во склоп на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје.

 

Од денеска започнаа уписите за третиот уписен рок. Паралелката во Кавадарци е за музичар изведувач ( пијано, соло пеење, хармоника, флејта, кларинет, труба, тромбон) и за музичар теоретичар.

 

Учениците кои се заинтересирани да се запишат   средно музичко образование во Кавадарци е потребно до четврток да  ги достават документите во музичкото училиште во Кавадарци, а приемниот испит ќе биде во Скопје во понеделник во 10.00 часот.

 

Согласно објавениот оглас за упис на ученици, ученикот е потребно да има завршено основно образование. Можат да се запишат и талентирани ученици кои немаат завршено редовно основно образование, по претходна писмена согласност од МОН. Ученикот не треба да е постар од 17 години.

 

А.Д