Се подготвуваат фонтаните за ставање во функција, се подигаат и нови зелени површини

Убавото време во прилог на активностите кои ги превземаат вработените во ЈП Комуналец за ставање во функција на фонтаните во градското подрачје. Денес се започна со чистење и подготовка на сите фонтани кои го разубавуваат нашиот град.

 

 

Во изминатите години зелените површини во Општина Кавадарци се значително зголемени. Секојдневно се работи на подигање на нови зелени површини но и одржување на истите. За чистотата и убавите зелени површини треба сите одговорно да се грижиме.