Во винскиот музеј во Кавадарци во недела ќе се слави грозјето и виното, главните обележја на овој крај.
Во организација на општина Кавадарци ќе изврши симболично закројување на импровизирана винова лоза во музејот, по што свое обраќање ќе има градоначалникот Митко Јанчев.
Во програмата за одбележување на празникот е и промоцијата на каталог „водич низ винскиот музеј“ и ДВД издание „Од зрно грозје до чаша вино“.
Ќе се доделат награди за најдобри вина и ракии во рамки на натпреварот што го организира здружението „Винотек“.
Точно на пладне ќе започне винскиот фестивал.
Организаторот напоменува дека празнувањето ќе биде согласно протоколите за заштита од ковид 19.
А.Д

