Нов апарат за потребите на гинекологија во кавадаречката болница

Нов апарат за потребите на гинекологија во кавадаречката болница
„Обезбедивме нов современ Апарат за електрокоагулација, неопходен за работа во нашата Гинеколошка оперативна сала“ – информираа денеска од кавадаречката болница.
 
 
„Апаратот е во целост донација на компанијата ” ИГМ Трејд” од Кавадарци во вкупна вредност од 13.560 евра. Изразуваме огромна благодарност до компанијата ” ИГМ Трејд “, која уште еднаш покажа огромно чувство за општествена одговорност и подобрување на условите за поквалитетна здравствена заштита на жените од Тикешкиот регион“ велат од болницата.