Нов асфалт на улицата „Наќо Лазовски“ во Кавадарци

Нов асфалт на улицата „Наќо Лазовски“ во Кавадарци
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денес изврши асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри – информираат од локалната самоуправа. 
 
Според планот на општината претходно беше отстранет стариот асфалт а потоа следеше тампонирање.
 
 
Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвнаа набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“.