Ниско напонската електрична мрежа се дислоцира во подземни водови на две улици во Кавадарци

Ниско напонската електрична мрежа се дислоцира во подземни водови на две улици во Кавадарци
Поставени се последните 11 метални столбови од новата мрежа на Јавното улично осветлување на ул.„Страшо Пинџур“.
Активноста е дел од проектот на општината Кавадарци, во соработка со ЕВН Кориснички центар Кавадарци со кој целокупната воздушна ниско напонска мрежа на улиците „Народен фронт“ и „Страшо Пинџур“ се дислоцира во подземни водови – информираат од локалната самоуправа. 
 
 
Со овој зафат досегашната воздушна линија целосно ќе биде отстранета и повеќе на ова делница од 2 000 метри нема да постојат старите дрвени бандери и надземните електро проводници.
 
 
Паралено со ова под земја ќе бидат дислоцирани и водовите на телекомуникациските и кабелските оператори.
Општината со овој проект ќе обезбеди современо јавно улично осветлување, зголемена безбедност на електричните водови, како и сигурност за граѓаните.