Од вчера не работи Основното јавно обвинителство во Кавадарци. Сите вработени се во изолација, поради позитивен тест на една вработена.
Дознаваме дека вчера била извршена целосна дезинфекција на просториите, а на влезната врата е поставено соопштение дека обвинителството не работи.
Позитивни на корона вирус има и во други институции во Кавадарци, но она што загрижува е што нивните контакти не се во изолација и слободно доаѓаат на работните места. Континуирано расте бројот на позитивни и во голема компанија во Кавадарци.
А.Д
