Се пробива „Западен булевар“ од градски гробишта до спојот со „Ѓоре Брушански“

Се пробива „Западен булевар“ од градски гробишта до спојот со „Ѓоре Брушански“
Оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на пробивање на Западен булевар на потегот од градските гробишта до спојот со ул.„Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“ – информираат од локалната самоуправа.
 
 
Во оваа прва фаза се работи на делница во вкупна должина од 740 метри, од кои првите 300 метри се целина на коловоз и тротоари, по што улицата се дели на два крака, секој со должина од 240 метри.
 
 
Според проектот на општината на оваа делница се реконструира старата подземна инфраструктура на водовод и канализација (фекална и атмосферска), а се посатавуваат и целосно нови линии таму каде што има потреба.
Во наредниот период ќе следи поставување на рабници и тампонирање, а во завршната фаза улицата ќе се асфалтира. Урбанизацијата на оваа нова улица ќе се заокружи со поставување на нова линија од системот на улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки.