Пет нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци, еден во Неготино

Пет нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци, еден во Неготино

Нови шест позитивни лица на корона вирус од Тиквешијата се дијагностицирани последните 24 часа, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. Петмина заболени се од Кавадарци, еден е од Неготино. Заболените се на возраст од 29 до 60 години.

 

„Двајца од заболените се хоспитализирани во болница. Еден од нив е на 42 години, а другиот на 60 годишна возраст. Сите имаат симптоми на вирусот. Двајца биле во контакт со позитивен, а останатите не знаат како се заразиле“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Се работи на утврдување на контактите на новите заболени. 

Во денешната статистика е евидентирано едно излекувано лице од Кавадарци.

 

А.Д