Флуоресцентни елеци за безбедно движење на децата од кавадаречката градинка кога треба да минуваат низ улици и маички за децата од поголемите групи донираше компанијата „Кожувчанка“.

Директорката на градинката, Цанка Добринова од името на вработените од ЈОУДГ “Рада Поцева” искажува голема благодарност до “Кожувчанка” кои ја покажаа уште еднаш својата хуманост како општествено одговорна компанија.