Со велосипеди и пешачење одбележан светскиот ден без автомобили во Кавадарци

Општинскиот сојуз на училишни спортови Кавадарци во координација со ООУ „Страшо Пинџур“ ,  „Тошо Велков Пепето“ и гимназија „Добри Даскалов“ со свои активности го одбележаа светскиот ден без автомобили. 

 

Спортско рекреативните активности со пешачење и возење велосипед до споменикот на 12-сте ваташки младинци во Моклиште беа спроведени со целосно почитување на превентивните мерки за заштита од Ковид 19.

„Со овој настан сакаме да се истакне важноста на здравите  навики за живеење кај младите. Потребно е повеќе да се спротува и младите да бидат физички активни“ рече претседателот на сојузот на училишни спортови и професор по физичко, Милан Колев.

 

А.Д