Уште четири нови случаи на корона вирус во Кавадарци

Повторно во Кавадарци има континуиран раст на бројот на нови позитивни на корона вирус.

 

Во статистиката на Центарот за јавно здравје денеска се запишани уште четири нови случаи. Станува збор на три жени и еден маж на возраст од 46 до 60 години.

 

„Сите имаат симптоми на вирусот. Двајца од новите случаи биле во контакт со веќе позитивен. Сите остануваат на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д