Седум нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата

Седум нови позитивни на корона вирус во Тиквешијата

Шест лица од Кавадарци и едно од Неготино се позитивни на Ковид 19, информираа денеска од Центарот за јавно здравје. Лицата се на возраст од 30 до 64 години.

 

„Сите нови позитивни случаи се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Дел од нив биле во контакт со веќе заболени, а друг дел не знаат како се инфицирале со вирусот “ рече за КТВ, епидемиолог, д-р Ристе Јовановски.

 

Се работи на утврдување на нивните контакти.

 

А.Д