Четериесет и две годишна докторка од Кавадарци е позитивна на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје. Таа работела во Кочани и еднаш неделно доаѓала во Кавадарци.
„Има лесни симптоми е на домшно лекување“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Во Кавадарци од почетокот на епидемијата регистрирани се 33 случаи на корона вирус, активни се 20.
А.Д
