Арт рок хепенинг во Кавадарци

Манифестацијата „Арт рок хепенинг“ синоќа го исполни градскиот плоштад во Кавадарци.

 

Почетокот на ова случувањеод културата  започнаа претпладнето во Летната бавча на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“,  каде ликовни уметници од повеќе градови на Македонија реализираа по едно уметничко дело, а истите ги финализираа пред јавноста вечерта на Градскиот плоштад. Учествуваа ликовните уметници: Драган Најденовски, Ема Ќука и Аница Стевановска од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Владимир Темков, Драгица Чекорова, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци, како и младите ликовни таленти Тодорока Пејовска и Арелена Гостимировиќ од Кавадарци.

 

За музичкиот дел се погрижи “Ано бенд“ од Кавадарци.

Како дел од настанот беше изведен дел од проектот во најава, а со работен наслов Уличен театар “Живи скулптури“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци, кој е авторски проект на Микица Илова и Сара Милевска.

 

Настанот се одвиваше според Протоколите за работа во време на COVID – 19: за сите присутни на настанот – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители.

 

“Арт рок хепенинг“ е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.