(ПИ 2020) Активности на кандидатките за пратеници на СДСМ од Неготино

(ПИ 2020) Активности на кандидатките  за пратеници на СДСМ од Неготино

Кандидатките за пратеници на Коалицијата „Можеме“ од Општина Неготино, Лолита Ристова и Љупка Стојанова секојдневно одржуваат активности и средби  со граѓаните со цел промоција и запознавање со изборната програма и мерките кои Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз ги остварува во следниот мандат – информираат од ОО на СДСМ Неготино. 

 

Изборната кампања ја водат според однапред утврдени протоколи со цел заштита на здравјето на граѓаните, физичко дистанцирање и задолжително носење на маска.

 

До сега реализирани се неколку посети на градскот пазар во Неготино, каде што кандидатките поделија изборен материјал од Коалицијата „Можеме“, ги промовираат мерките, а  разговараат и за теми  и проблеми од локално значење.

 

На 3ти Јули одржана е Младинска трибина во СРЦ Младот во Неготино, каде што кон младите, имаше обраќање лидерот на партијата и носителот во ИЕ4, Зоран Заев. Истиот ден се одржа и средба со целна група земјоделци.

 

Направивени се посети во населените места  Војшанци, Пепелиште и Криволак, каде што со жителите се разговараше за досега сработеното, но и за потребната инфраструктура бидејќи во следниот мандат целиме кон развивање на селата подеднакво како и градовите. На мерките за земјоделието ставаме најголем акцент, бидејќи земјоделецот заслужува и мора да има достоинствен живот. 

Кандидатките Лолита Ристова и Љупка Стојанова заедно со Општинската организација на СДСМ од Неготино до крајот на изборната кампања ќе ги посетат сите населени места,  ќе остварат средби во Неготино, бидејќи е најважно проектите од програмата ,,МОЖЕМЕ“ да допрат до секој, затоа што ги опфаќа сите подеднакво.

 

 

Програмата на Коалицијата „Можеме„“ има реални, издржани мерки со кои обезбедуваме сигурна иднина за сите – стои во соопштението од ОО на СДСМ Неготино.