(ПИ 2020) Реакција на ОО СДСМ Кавадарци: Благодарение на владата на СДСМ во изминативе три години се наоѓаше решение за грозјето

(интегрален текст од писмената реакција на ОО СДСМ Кавадарци по обвинувањата на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ)

 

Благодарение на Владата предводена од СДСМ, Зоран Заев како и градоначалниците и пратениците од Тиквешијата, во изминативе три години постојано наоѓаме решенија со цел ниту еден килограм грозје да не остане да скапува на лозјата, како што тоа беше случај во 2015 и 2016 година во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ние за разлика од ВМРО-ДПМНЕ соработуваме со сите здруженија на граѓани.

 

Не креираме партиски здруженија, на кои на челните позиции ќе стојат партиски активисти како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Класичен пример за тоа е Љупчо Аризанов “лидерот” на лозарите, кој нема пропуштено ниту еден партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Изборните манипулации и ставањето на државните институции во функција на изборите и партијата е пракса на ВМРО-ДПМНЕ.

 

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ  лозарите, па и сите граѓани, не ги гледаме единствено низ призмата на гласачи.

 

Баш напротив, се грижиме за нивните потреби и креираме на соодветни политики и мерки со цел подобрување на животот на сите граѓани.

Тоа го правевме до сега и ќе продолжиме истото и понатаму да правиме, уште повеќе и уште подобро.