25 лица во Кавадарци добиле решение за излолација, 13 лица казнети поради не носење маска

25 лица во Кавадарци добиле решение за излолација, 13 лица казнети поради не носење маска

Во период21/22.06.2020 год. има осум новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, еден во Кавадарци и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има шест нови лица, пет во Кавадарци и едно во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 133 лица, од кои 80 во Велес, 25 во Кавадарци и 28 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 71 лица, од нив 13 се во Велес, 46 во Кавадарци и 12 во Неготино.

 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.

 

Во овој периотд за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 78 лица, и тоа, 45 во Велес, 13 во Кавадарци и 20 во Неготино – информираат од СВР Велес.