Информациите кои доаѓаат од СВР Велес говорат дека во изминативе две ноќи, за време на полицискиот час, кавадарчани максимално ја почитувале забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот.
Нема регистрирано ниту едно прекршување, а во само изолација се 54 лица.
Во Неготино две лица се приведени поради тоа што не ја почитувале забраната за движење во време на полициски час, а 16 лица се во само изолација.
Исто и во Велес, две лица биле неодговорни за време на полицискиот час, а 57 се во самоизолација.
А.Д
