Пет нови подземни контејнери во центарот на Кавадарци

Пет нови подземни контејнери во центарот на Кавадарци

Позитивното искуство од функционирањето на првиот подземен контејнер резултираше со одлука за нови платформи за подземни контејнери.
Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ започнаа со реализација на проектот за пет нови подземни контејнери на локации во строгиот центар на улиците „Илинденска“ и „Мито Хаџи-Василев“ .


Првиот ќе се гради пред зградата на водостопанство „Тиквешко поле“, каде започнаа градежните работи.

Во оваа фаза подземни контејнери ќе има и на локациите спроти „Стопанска банка“ на улицата „Мито Хаџи-Василе“, потоа кај сендвичарата „Мерлин“, кај „Сенатор“ и под „Тутунска банка“ сите на улицата „Илинденска“.


Платформите ќе бидат со различна големина а на нив ќе се постават, дват, три или четири контејнери. Изведувач на работите е фирмата „Mетал Апостолов“ од Кавадарци.


Овој систем на прибирање на смет во развиоените земји е широко распространет и покажува повеќе предности, пред се од екологијата – велат од локалната самоуправа.