Честитка по повод Велигденските празници од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

 

Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците,а радоста нека се сподели со најближните и пријателите.

 

Во Македонија со векови сме покажале дека умееме заеднички да се радуваме и духовно да се обединиме во празнувањата,водени од традицијата,заедничките вредности и разбирањето.

 

Нека бог ни помогне во сите искушенија,нека го зацврсти единството помеѓу народот,нека не избави од насилство и неред,нека не потхрани со мир и спокој.Да си ја сакаме Македонија со целото срце,со секоја мисла и во секоја наша одлука.Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои почива македонската држава.

 

Велигден е ден на радоста која извира од секој храм,од душата на секој верник.Велигден е денот кога го славиме животот и ден кој не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнет со љубов и духовен мир.

 

Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и зближување.Само така ќе можеме да продолжиме да го градиме патот кон подобра иднина.Само така ќе ја постигнеме нашата единствена цел да ја изградиме Македонија,да биде духовно побогата и попросперитетна.

 

Нека Бог ја благослови нашата Македонија

Нека е честит и за многу години празникот Велигден

Христос воскресе,навистина воскресе