Минстрој Холдинг подготвен да ги исплати во целост банките доверители во Фени

Минстрој Холдинг подготвен да ги исплати во целост банките доверители во Фени

 

Врз основа на последните случувања со комбинатот Фени Индустри Кавадарци АД – во стечај, како и шпекулациите кои постојано се објавуваат во јавноста, Македонско-Бугарската стопанска комора и Минстрој Холдинг АД чувствуваат потреба да ги известат вработените, доверителите, а особено транспортерите и сите други страни и субјекти засегнати со комбинатот Фени Индустри Кавадарци.

 

Бугарската компанија Минстрој Холдинг АД, членка на нашата комора има остварено средби со банките доверители во Фени,синдикатот на транспортерите и сите други засегнати страни за спасот на Фени.

 

Потенцираме дека нашата членка Минстрој Холдинг АД, даде официјална понуда за 100% исплата на побарувањата на Комерцијална и Стопанска Банка на ден, која што вклучува исплата на главница,гаранции,камати,пенали и останати трошоци како и покривање на трошоците на стечајната постапка – се вели во соопштението од Македонско – Бугарската стопанска комора.

За сериозноста на нашата понуда понудена е гаранција од првокласна банка и даден е депозит кој стои во банка во Р.Македонија и чека на одлука од банките како главни доверители, да им биде префрлен на нивна сметка.

Покрај исплатата на сите доверители Минстрој Холдинг АД достави понуда до Владата и Банките дека во наредните две години ќе вложи инвестиции од 30 милиони евра за санација на двете електро печки и останатата опрема.

Исто така остануваме на официјалната понуда кон останатите доверители за исплата на побарувањата утврдени во стечајната постапка во висина од 100%.

Минстрој Холдинг АД  е докажана и реномирана компанија во македонската економија преку инвестиција во висина од преку 30 милиони евра во компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип  во рудниците Тораница и Злетово. Минстрој Холдинг АД вработува преку 4.500 вработени и инвестирано повеќе од 300 милиони евра во различни проекти.- се вели во соопштението до јавноста од Македонско-Бугарската стопанска комора.