„Повардарие“ го запре откупот

Винарската визба „Повардарие“ од Неготино ги информира лозаропроизводителите од Тиквешијата дека три дена нема да врши откуп на грозје.

 

Во соопштението доставено до нашата редакција се наведува дека откупот ќе биде прекинат во деновите 10, 11 и 12 октомври.