Општина Неготино го објави конкурсот за наградата „8 ми ноември“

Од денеска до 21 октомври во службите на локална самоуправа Неготино ќе може да се доставуваат апликациите за осмо ноемвриската награда.

 

На огласот може да се пријавуваат и приватни и физички лица, а по расправата на комисијата конечната одлука за нагреданите ја носи советот на општина Неготино.

 

Признанието традиционално ќе биде доделено на свечената седница по повод општинскиот празник 8 ноември информира на прес конференција Методи  Митрев од службата за односи со јавноста.

 

М.Младенова