„Рацинови средби“ во ново руво

Во ново руво ќе се одржат годинешните „Рацинови средби“. Се менува локацијата на одржување на централната манифестација, се воведуваат нови награди а се профилира и делото кое ќе го добие „рациновото признание“. Од годинава, наместо локалната самоуправа, манифестацијата ќе ја организира здружението на граѓани – „фестивал на античка драма Стоби“..

Централната манифестација на 52-те рацинови средби ќе се одржи на спомен костурницата.. Ќе претходат и низа настани кои ќе се реализираат на различни локации – кај градскиот часовник, споменикот во центарот на градот, мостот гемиџии. За прв пат годинава, организаторот на културната манифестација воведува и нови критериуми за доделување на рациновото признание.

Од оваа година, се воведува и нова награда на рациновите средби.. Ќе го носи името на најпознатата рацинова стихозбирка – антологија на болката. Признанието е наменето за поети-дебитанти кои пишуваат љубовна поезија.

Културната манифестација ќе добие и заштитно лице.. Тоа ќе биде современата муза на рацин.. Заштитното лице ќе се бара меѓу девојките во велешките средни училишта.. Во рациновите средби годинава ќе се вклучат и корисниците на социјални мрежи.. Предвидена е награда за твитерџиите кои ќе покажат најдобри поетски способности.

З.Јаневски