Трибина на СДСМ во Кавадарци

Кампањата на СДСМ за промоција на програмата и мерките за враќање на средната класа кои произлегуваат од неа беа претставени на трибина во Кавадарци од потпретседателот Радмила Шеќеринска. Таа во своеото обраќање пред присутните изнесе повеќе коментари и видувања на актуелните случувања во земјава. Нагласи дека граѓаните станувале се посиромашни и дека младите поради сиромаштијата и безработицата ја напуштале државата со пасоши од туѓи држави.  

„Факт е дека и статистиките во Европа за тоа колку наши луѓе бараат чаре на друго место, ни покажува колкава ни е поделеноста во Македонија. Да ви кажам еден пример: Македонија се појави на две места во најновата европска статистика, која говори колку граѓани добиле европско државјанство. Речиси половина од бугарските пасоши, ги добиле македонски граѓани. Втори по ред по добивање на кипарски пасоши, замислете се македонски граѓани. Сиромашните кои немаат чаре, тие ќе чукнат на бугарска амбасада и ќе добијат бугарски пасош, за да бегаат. А, овие другиве малкуте, ама богати, тие за друг тип на чаре, тропаат на вратата на Кипар, парите најлесно е да се изнесат низ кипарски врати, најлесно е да се легализираат, најлесно е да избегаат од државата. Ете тоа и се случува на Македонија, криминалните богаташи бегаат во Кипар, останатите без ништо, бегаат со бугарски пасоши“ рече Шеќеринска.

Шеќеринска нагласи дека доколку СДСМ ја добие власта секој месец ќе се организирале  јавни дебати на државниот национален сервис, на МРТВ.

„На тие дебати нема министрите од власта да си дискутираат сами со себе, како што тоа сега е случај, туку нашите министри ќе мора да се носат со неколкумина претставници од опозицијата и ќе одговараат и на најтешките прашања“ рече Шеќеринска.

 

 А.Д