Со две возила и петмина пожарникари утринава интервенираше противпожарната единица од Кавадарци на пожарот кој избувна во отпад за старо железо лоциран на улицата „Западен булевар“.
Командирот на противпожарната единица информира дека пожарот бил ставен под контрола.
Во пожарот изгоре депониски отпад собиран од стари автомобили кој требало да се истовари на депонијата.
Причините за пожарот се непознати.