На две недели пред Конгресот на најголемата опозициска партија во СДСМ се менуваат делегати.

Како што дознава Press24 од партиски извори, вчера на седница на општинскиот одбор на СДСМ во општина Карпош, биле сменети двајца делегати.
Извори за сајтот велат дека станува збор за луѓе кои му биле блиски на актуелниот градоначлник на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Со седницата на општинскиот одбор раководел Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров кој на локалните избори доживеа катастрофален пораз во неговата општина, токму од Стевчо Јакимовски. Press24 се обиде да ја провери информацијата кај Андреј Петров, но генералниот секретар на СДСМ не се јавувал на својот телефон. Конгресот на СДСМ е закажан за 2 јуни.
Вкупно 705 делегати ќе гласат кој ќе биде новиот претседател на партијата, доколку Црвенковски остане на ставот, дека нема да бара нов мандат од делегатите.
Во списокот на делегати преовладуваат имињата на луѓе блиски до актуелниот лидер Бранко Црвенковски.