Македонскиот и Литванскиот олимписки комитет потпишаа договор за Олимписка соработка со кои ќе се унапредат односите и соработката меѓу двата олимписки комитети.

Ќе се соработува во области како што се размена на спортисти, тренери, експерти, размена на најнови информации за примена на науката во спортот, спортската медицина и допингот, обука и унапредување на спортската администрација, спортскиот менаџмент, маркетингот и човечките ресурси.
Договорот опфаќа и области кои се однесуват на промоција на оработката помеѓу Националните спортски федерации, а во тој правец е и веќе договорената соработка помеѓу македонската и литванската кошаркарска репрезентација кои договорија одигрување на пријателска средба на 17 Август 2013 година, по повод прославата 20 години од основањето на МКФ.
Инаку овие две репрезентации настапуват во иста група на Европското рвенство во кошарка (Словенија) кое ќе се одржи во Септември 2013 година.
Договорот за Олимписка соработка го потпишаа генералниот секретар на МОК Сашо Поповски и претседателот на Литванскиот олимписки комитет Даина Гудзиневичиуте, а на состанокот присуствуваа и потпретседателите на ЛОК Ромуалдас Бакутис и Бранислав Васалиускас, генералниот секретар Валентинас Пакетурас и директорот за меѓународна соработка Ваида Масалските.