Центарот за развој на Вардарски плански регион ги започнува активностите за регионален центар за згрижување на бездомни миленици
21-12-2022 РЕГИОН

Центарот за развој на Вардарски плански регион по потпишувањето на Договорот за изградба на „Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион“, започнува со реализација на проектните активности.

 

Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство ќе биде лоциран на парцела во општина Кавадарци и истиот е наменет за сите девет општини од Вардарскиот плански регион.

 

Проектот опфаќа изградба на стационар, набавка на опрема и возило за стационарот, Набавака на возило во рамки на стационарот, изработка и развој на веб сајт со дефинираните модули „Пријави бездомни животни и локација“ и „Вдоми милениче!“ . Ќе се изработи систем за следење и регистрација на бездомни животни , ќе следуваат активности за ветеринарен третман на бездомните животни, како и маркетинг активности за подигнување на свесноста за вдомување на третирани бездомни животни.

 

 

Предвидените активности во рамки на проектот треба да бидат реализирани до крајот на 2024 година.

 

Проектот е финансиран е од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарија во вкупна вредност од 20.916.000,00 денари.

„Регионален центар за грижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион“ се однесува на хуман третман на животните со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето.



Share

Додади коментар